ВІСНИК ЛЬВІВСЬКОГО УНІВЕРСИТЕТУ

ПСИХОЛОШКИ АСПЕКТИ НА ИЗУЧУВАЊЕТО СТРАНСКИ ЈАЗИЦИ – Игор СТАНОJОСКИ

Львівський національний університет імені Івана Франка,
кафедра слов’янської філології,
вул. Університетська, 1, 79000 Львів, Україна
тел. (0038 032) 239 47 70, e-mail: vcerasevrativ@yahoo.dk
Во оваа статија станува збор за неколку фактори кои го одредуваат процесот
на изучување на странскиот јазик, особено, за вродената способност за изучување
странски јазици, за јазичниот усет, за мотивацијата и за комуникативната вредност
на странскиот/вториот јазик. Ја опишуваме, исто така, улогата на карактерот на
зборувачот во изучувањето на странскиот јазик.
Клучни зборови: странски јазик, талент, интерференции, девијации, комуника-
ција, зборувач.
У статті йдеться про декілька чинників, від яких залежить процес вивчення
іноземної мови, зокрема вроджену здібність до вивчення іноземних мов, відчуття
мови, мотивацію для вивчення, комунікаційну вартість іноземної мови. Висвітлено
роль характеру мовця у вивченні іноземної мови.
Ключові слова: іноземна мова, здібність, інтерференції, девіації, комунікація,
мовець.
Определбата на билингвалното лице како locus на јазичниот контакт како еден од
постулатите на теоријата на јазиците во контакт ја прави психологијата една од двете
главни помошни науки (заедно со социологијата) во проучувањето на јазичните кон-
такти. Билингвизмот на билингвалното лице станува зависен од неговиот карактер (ко-
муникативност, дружељубивост), способност (за учење јазици), желби, мотивации итн.
1. Вродена способност. Во својот “прирачник за полиглоти” Како да се стане по-
лиглот [6] убедливо го ублажува преценувањето на вродената способност или неспособ-
ност за јазици. Така, за Спивак, од една страна неспособни за странски јазици нема и “ни-
еден педагог не сретнал човек што е природно неспособен за јазици” [6: 109], а од друга
страна пак на едно место вели “тајната на полиглотите […] се состои во тоа што поли-
глоти… не постојат”, зашто “ниеден човек не може слободно да владее повеќе од 7 јазици
(поточно од 5 до 9, но средно 7)”, тоа е “закон на седумката” [6: 110]. Меѓу студентите од
Полска и Украина кои го изучуваа минативе години македонскиот јазик немаше гении
способни да го победат “законот на седумката”, ниту неспособни за изучување на маке-
донскиот јазик, но од еден до друг студент се разликува темпото на напредокот, способ-
носта за запаметување, разбирање, зборување итн. Затоа и постои системот на вреднување
на знаењата.
Талентот за изучување странски јазици воглавно е правопропорционален со кое-
фициентот на интелигенција. Сепак, коефициенот на интелигенција не ја определува
способноста за изучување странски јазици. Личниот опит кој не мора да биде прецизен
покажува разлики во однос на интерференцијалните девијации. Интерференцијалните
девијации речиси секогаш се обратнопропорционални со коефициентот на интелигенција. Психолошки аспекти на изучувањето странски јазици 259
Ова значи дека се случува понеинтелигентните да зборуваат квантитативно повеќе од
интелигентните студенти, но речиси секогаш девијациите се побројни во говорот на
понеинтелигентните. Кажаново останува повеќе во рамки на претпоставка. Сепак, сме-
таме дека има перспектива за експериментално докажување, ако се земе предвид дека
граматиката која е најверојатното најголемото средиште на интерференцијални девија-
ции, според општото мнение бара повисока интелигенција.
Во истражувањата посветени на јазичната способност треба да се издели посебно
поглавје за способноста за избегнување интерференции. Некои студенти изучуваат
повеќе јазици така што секој интерферира со секого. Некои изучувачи успеваат да ги
држат системите одвоени дури и кога во текот на еден разговор треба неколкукратно да
го менуваат кодот.
2. Јазичен усет. Во врска со формирањето на научното мнение за вродената јазична
способност, внимание заслужува терминот јазичен усет употребуван често од страна на
Блаже Конески. Рускиот соодветен термин е ‘чувство языка’, германскиот ‘das Sprachgefühl’, францускиот ‘le génie du langage’. Јазичниот усет не треба да се меша со терминот
лингвистички опит. Сепак, терминот јазичен усет и натаму е некако без задолжителната
терминолошка затврденост и јасност. Треба да се има предвид, дека јазичниот усет е
стекната способност. Друга работа е тоа што стекнувањето на јазичниот усет зависи од
вродените способности. Јазичниот усет се стекнува со текот на времето во контактот со
јазикот. Тоа е интуитивна способност за организација на изразот, пред сè, способност по
интуиција да се погоди вистинската форма, конструкција и сл. врз основа на претходните
текстови со кои зборувачот дошол во контакт. Според оваа дефиниција, јазичниот усет до
одредена мера потсетува на реконструкцијата на изумрените јазици врз основа на неколку
зачувани ракописи. Јазичниот усет кај изучувачот се кумулира апсолутно со секој контакт
со јазикот. Често зборувачот не го чувствува тоа. По еден изгледан филм зборувачот може
да зборува исто колку и пред филмот, да нема забележителен напредок, но филмот
сигурно барем малку повлијаал на развојот на јазичниот усет.
3. Мотивација и комуникациска вредност. Напредокот во изучувањето на странс-
киот јазик води кон развој на способноста за говорна активност на тој јазик. Студентот кој
напредува не само што почнува да зборува повеќе, туку почнува да зборува и со помалку
грешки. Од подигнувањето на нивото на знаење на ваков начин квантитативно и ква-
литативно се погодени интерференцијалните девијации. Еден од решавачките фактори за
напредокот на студентот е мотивацијата. Со ова, се разбира, не сме кажале ништо ново –
мотивацијата е еден од решавачките фактори на која било друга човекова активност. Она
што мотивацијата ја прави исклучителна во контекстот на изучувањето на странските јази-
ци се причинителите или поттикнувачите (мотиваторите). Како главен причинител на мо-
тивацијата ќе ја истакнеме овде комуникациската вредност на странскиот јазик. Еден едно-
ставен пример од личниот опит ќе ни послужи за илустрација на кажаното. Студентите
од прва година од Шлескиот универзитет ги започнаа македонистичките студии есента
2006 год. Напредуваа средно, повеќе бавно отколку брзо до пролетта 2007 год. Тогаш ор-
ганизиравме двонеделна екскурзија во Македонија. Овој кус престој во Македонија на-
прави целосен пресврт и предизвика голем скок на знаењето. Со еден збор се премина во
сосема нова фаза од изучувањето на македонскиот јазик. Која е причината за овој скок?
Може да се претполага дека тоа е можноста да се слуша секојдневно македонскиот јазик
во текот на тие две недели. Слушањето, сепак, е само еден од неколкуте важни методи и
начини на изучување на јазикот. Главната причина за пресвртот во знаењето на студентите
беше приемот на македонскиот јазик како код со комуникациска вредност. Во слушалните
на Шлескиот универзитет македонскиот јазик беше само наука и обврска. Разговорите на
македонски на релација студент-лектор и студент-студент претставуваат симулација скон-
центрирана на формата. Дури во Македонија во контактот со новите познаници, за полс-260 Игор СТАНОJОСКИ
ките студенти македонскиот јазик доби реална комуникациска вредност соодветно на не-
говата природна намена. Токму во комуникациската вредност на јазикот лежи и одговорот
на прашањето зошто толку често се случува трговците да зборуваат повеќе од студентите.
Што се однесува на интерференцијалните девијации, трговците најчесто немаат ни потре-
ба ни обврска да ги избегнуваат. Иако би можело да се очекува да биде исто и со полските
екскурзијанти во Македонија, зашто тие се ослободени од притисокот на лекторот, наста-
вата или оцените, сепак практиката покажува значителни разлики. Соговорник на трго-
вецот е лице кое е заинтересирано само за исплатлива реализација на купопродажбата. Со-
говорникот на полскиот студент обично е лице кое води релаксиран разговор со цел за-
познавање, разонода и сл. Во релаксираниот разговор поголемо е вниманието на формата
и респективно на девијациите.
4. Карактерот на зборувачот и интерференцијалните девијации. Интерфе-
ренцијалните девијации во изменети состојби на свеста: улогата на алкохолот во
изучувањето на странскиот јазик. Како еден студент или друг изучувач на странски
јазик ќе зборува на тој јазик зависи од неговиот личен карактер односно од неговата по-
ставеност кон носителите на тој јазик. Општоприфатено е мислењето дека срамежливите
(претставници на тип I за потребите на овој текст) се учат да зборуваат потешко. Срамот
од самата употреба на немајчиниот код оди обично во комбинација со страв од “правење
грешки” и од реакцијата на соговорниците. Како спротивни на зборувачите што чувству-
ваат јазична бариера, треба да се сметаат зборувачите кои не прибегнуваат кон молчење за
да не прават грешки (тип II), затоа што не се плашат од реакцијата на соговорникот, чув-
ствуваат самодоверба која можеби е трајна особина на нивната личност, а можеби привре-
мена додека зборуваат на странскиот јазик. Кажаново се однесува најмногу на прашањето
дали изучувачот ќе зборува или не. Малку потешко е прашањето на девијациите. Дали
претставниците на II тип прават малку девијации? И дали претставниците на I тип, тогаш
кога зборуваат навистина прават многу девијации? Би рекле дека поделбата што овде ја
направивме според карактерот на зборувачот го детерминира квантитетот на зборувањето,
но квалитетот можеби само индиректно ако се земе предвид дека квантитетот (тренингот)
води кон квалитет. Чести се примерите кога претставник на тип II прави многу девијации,
а на забелешките од соговорникот одговара со “Не мислам додека зборувам”. Во оваа
изјава се среќаваме со важен детерминатор на квалитетот на зборувањето односно на кван-
титетот на девијациите, во нивни рамки и на интерференцијалните. Се работи за кон-
центрацијата, размислувањето, аналитичкиот интелектуален однос кон зборувањето. Оној
кој повеќе мисли на граматичката правилност на сопствениот текст во принцип зборува
побавно и прави помалку девијации во просек. Од друга страна, преголемата претпазли-
вост и сосредоточеност на граматичката исправност ја спречува автоматизацијата на го-
ворот, која е исклучително позитивна појава.
Ова се само куси воопштени забелешки кои се однесуваат на нашиот предмет, белеш-
ки од личниот опит, кои бараат подлабоко и експериментално проучување во соработка со
психологијата. Ќе допреме уште еден проблем, популарен меѓу студентите – улогата на
алкохолот во изучувањето на странскиот јазик. Под дејство на алкохол несомнено поголе-
миот дел од претставниците на типот I почнуваат да се однесуваат како типот II. Претстав-
ниците на типот II, пак, во состојба на благо пијанство доживуваат уште поголема слобода
во зборувањето и поголема течност во составувањето реченици. Останува и овде пра-
шањето за бројот на девијациите. Екперименталното споредување на говорот на доволен
број испитаници во трезна и во пијана состојба би можело да одговори на прашањата
поврзани со девијациите (и со ИД во таа мера), како количеството, местото на појавување
на девијациите. Треба исто да се утврди дали ефектите на алкохолот се само привремени
или имаат и трајност (на пр. трајно симнување на јазичната бариера). Резултатите од овие
истражувања, кои, колку што ни е познато, не се вршени, можат да бидат полезни за при-Психолошки аспекти на изучувањето странски јазици 261
менетата лингвистика. Во извесна мера улогата на алкохолот може да се поврзе со други
релаксирачки методи применувани со цел да се зголеми процентуалното искористување
на мозокот. Слични проучувања се вршат во сугестологијата, на пр. во Институтот за
сугестологија на Бугарската академија на науките [6: 105].
______________________
1. Бацевич Фл. Основи комунікативної девіатології. Львів: ЛНУ ім. Івана Франка, 2000.
2. Вайнрай У. Языковые контакты (состояние и проблемы исследования). Киев: Вища школа,
1979.
3. Гочкова Т. Психолингвистика. Скопје: Просветно дело, 2005.
4. Мустафа А. Македонскиот јазик во основните училишта со настава на албански јазик.
Скопје: Логос-А, 1996.
5. Наставата по македонски јазик како странски: состојби и перспективи: зборник I.
Редакциски одбор: Л. Минова-Ѓуркова, Татјана Гочкова Стојановска, Љупчо Митревски. Скопје,
Филолошки факултет “Блаже Конески”, 2003.
6. Спивак Д. Л. Как стать полиглотом. Ленинград: Лениздат, 1989.
7. Станойоскі І. Девіатологічні аспекти вивчення української мови македонцями // Теорія і
практика викладання української мови як іноземної. Зб. наук. праць. Вип. 1. Львів: ЛНУ ім. Івана
Франка. Львів, 2006. С. 153–159.
PSYCHOLOGICAL ASPECTS OF FOREIGN LANGUAGE LEARNING
Igor STANOYOSKI
The Ivan Franko National University in Lviv,
The Department of Slavic Philology,
Universytetska st., 1, 79000 Lviv, Ukraine
tel. (0038 032) 239 47 70, e-mail: vcerasevrativ@yahoo.dk
Natural talent for foreign language learning. Language intuition. Motivation and
motivating in the foreign language classroom. Extraverted and introverted students.
Key words: foreign language, talent, interferrences, deviations, communication,
speaker.
ПСИХОЛОГИЧЕСКИЕ АСПЕКТЫ ИЗУЧЕНИЯ ИНОСТРАННЫХ ЯЗЫКОВ
Игор СТАНОЙОСКИ
Львовский национальный университет имени Ивана Франко,
кафедра славянской филологии,
ул. Университетская, 1, 79000 Львов, Украина
тел. (0038 032) 239 47 70, e-mail: vcerasevrativ@yahoo.dk
В статье рассматриваются некоторые факторы, от которых зависит процесс
изучения иностранного языка, в частности врожденная способность к изучению
иностранных языков, чувство языка, мотивация к изучению, коммуникативная цен-
ность иностранного/второго языка. Освещена роль характера говорящего в изучении
иностранного языка.
Ключевые слова: иностранный язык, талант, интерференции, девиации, комму-
никация, говорящий.
Стаття надійшла до редколегії: 25.09.2008
Прийнята до друку: 25.12.2008

Літературне місто - Онлайн-бібліотека української літератури. Освітній онлайн-ресурс.